6.6 C
Скопје
03:55 - 1 април, 2026

НЕВОЛЈИ ЗА МЕГАН МАРКЛ: Татко ѝ отвора канал на Јутјуб за да ја каже својата вистина!

меган маркл

Се уште не е постигнат мир меѓу Меган Маркл и нејзиниот татко Томас, кој сега е решен да  продолжи да ја напаѓа ќерка си, односно војвотката од Сасекс, преку новиот канал на Јутјуб посветен на неа.

Меган Маркл и принцот Хари не можат да најдат мир, таткото на Меган, Томас Маркл, е подготвен да лансира своја серија на Јутјуб за да ја нападне својата најмлада ќерка, а да ја заштити постарата ќерка, Саманта.

Томас Маркл е подготвен (повторно) да ја каже својата вистина, овој пат не со ТВ ексклузива, туку со своја емисија, на Јутјуб. Таткото на Меган Маркл го најави лансирањето на негов канал, вест што ги потресе војводите од Сасекс, велат упатените.

Хари и Меган стравуваат од понатамошни клевети и напади од таткото, кој со години не е во добри односи со ќерката, и кој продолжува да ја напаѓа преку сите средства за комуникација.

Според гласините кои ги пренесува „Мирор“, Томас Маркл секоја недела ќе зборува само и исклучиво за врската со својата ќерка, а вестите за неа ќе ги коментира со своите следбеници на каналот. Томас Маркл нема да биде сам во емисијата туку ќе му се придружат двајца експерти за кралски семејства, Лејди Колин Кембел и Џо Роган.

„Том сака да ја слушнете вистината директно од неговата уста“, рекол неговиот пријател Карл Ларсон. „Тој верува дека Хари и Меган нанеле штета на неговото семејство. Нема да има ограничувања во неговите изјави“.

Врската – татко и ќерка се наруши непосредно пред венчавката на војводите од Сасекс, кога Томас почна да дава интервјуа за медиумите за приватни работи на Меган. Така започна ескалацијата на недоразбирањата што доведоа прво до исклучување на г-дин Маркл од кралската венчавка, а потоа и од целиот живот на неговата ќерка и неговите внуци, Арчи и Лилибет Дијана, кои никогаш не ги запознал.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....