01:35 - 11 ноември, 2026

Не ни претпоставувале какво изненадување им подготвува: Меган Маркл се појави таму каде што НИКОЈ не очекуваше и упати МОЌНА порака

Војвотката од Сасекс максимално го искористи својот претстој во Велика Британија, каде се врати прв пат откако нејзиниот сопруг, принцот Хари и таа соопштија дека се повлекуваат од функцијата „високи“ членови на кралското семејство.

Откако ја воодушеви британската и модната јавност на музичкиот фестивал „Mauntbaten“, појавувајќи се во модна комбинација која ја усогласи со униформата на својот сопруг, Меган Маркл приреди изненадување за малечките деца во едно училиште во Есекс.

Војвотката од Сасекс се појави неочекувано во едно училиште во Дагенхем по повод Денот на жените со цел со учениците да разговара за рамноправноста на половите и човекови правила.

– Без оглед на тоа колку мали се чувствувате, без оглед на тоа која боја сте, без оглед на тоа кој пол сте – вие имате глас и сигурно имате право да проговорите за тоа што е правилно – изјави Меган Маркл во обраќањето на децата.

Таа открила дека, кога ги планирала своите активности за овогодишниот Меѓународен ден на жената, на неа и беше исклучително важно да помине време со жените на иднината.

Меркел повторно се појави во деловна модна комбинација, а овој пат изборот падна на кобинација од црни пантолони кои ја следат линијата на телото, бела маица и бел блејзер.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....