04:33 - 9 ноември, 2026

Не ја спречи ни повредата на зглобот: Брена сепак ќе пее на Нова година

Регионалната пејачка Лепа Брена објави стори на Инстаграм во кое најавува нов концерт и покрај неодамнешната повреда на зглобот и операција на Клиниката за трауматологија. Брена откри дека на 31 декември ќе настапи во белградскиот Сава центар.

„Се гледаме, ве сака ваша Брена!“, напиша таа во објавата и го додаде текстот на песната на Квин, „The Show Must Go On“.

Пејачката во средата беше пуштена од загрепската клиника за трауматологија во Драшковиќева, каде што заврши на операција по концертот. Концертите што таа требаше да ги одржи на 10 и 16 декември се одложени. Новите датуми се 21 и 22 март.

„За жал, синоќа во еден од незаборавните моменти на половина концерт се случи несреќа, кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад ја скршив ногата. Не сакав да престанам, но за љубов на сите вас во Арената продолжив да пеам. Добрата вест е дека се ќе биде во ред, но ми треба малку време да се опоравам во моментов. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од се срце“, изјави претходно Брена на своите социјални мрежи.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....