14:38 - 7 септември, 2026

Научници на симпозиум ќе дебатираат за влијанието на Тејлор Свифт

Австралија се подготвува да одржи меѓународна академска конференција за влијанието на Тејлор Свифт, објави Би-би-си.

Настанот „Свифтпозиум“ ќе го истражи влијанието на мегаѕвездата врз сè, од музичката индустрија до поп-културата и економијата. Организаторите на тридневниот настан се надеваат дека ќе привлечат научници од целиот азиско-пацифички регион.

Австралискиот универзитет во Мелбурн ќе биде домаќин на Swiftposium 2024 во февруари истата недела кога Свифт ја носи својата рекордна турнеја „Ерас“ во Австралија.

Свифт (33), која стана ѕвезда како тинејџерка, беше во центарот на главните културни моменти и дебати во текот на целата своја кариера. Таа стана еден од најплатените и најнаградувани уметници на сите времиња предизвикувајќи дебати за сè – хонорари за стриминг, авторски музички права, па дури и за мизогинија и култура на бојкот.

Влијанието на нејзината турнеја „Ерас“ е такво што ги сруши веб-страниците за издавање билети… експертите го измислија новиот тренд Swiftonomics („Свифтономија“), а земји како Викторија, Австралија, побрзаа да го реформираат законот за препродажба на билети.

„Таа е вистински феномен“, изјави за Би-би-си организаторката на симпозиумот, Џенифер Бекет, од Универзитетот во Мелбурн.

Иако идејата за настанот почна со полусериозен твит претходно оваа година, таа бргу доби поддршка од седум универзитети во Австралија и Нов Зеланд.

„Тејлор Свифт навистина има многу конкретно влијание на глобално ниво, во работите што нè засегаат сите нас“, рече д-р Бекет посочувајќи на работи како улогата на жените во индустријата, законот за забава, па дури и БДП.

„Светските лидери бараат од неа да ја донесе турнејата ‘Ерас’ во нивната земја поради економските придобивки што ги носи“, додаде таа.

Иако Свифт беше предмет на универзитетски курсеви во САД, ова е првпат да се одржи глобален симпозиум на кој се дискутира за нејзиното влијание.

Организаторите се надеваат дека конференцијата ќе истражи теми, како што се феноменот на нејзините фанови, нејзиниот маркетинг и влијанието на пејачката текстописец врз дебатите за полот, идентитетот и расата.

Добредојдена е и критичката анализа на нејзиниот бренд и влијанието, велат тие.

Организаторите зачуваа празен простор за самата суперѕвезда доколку сака да дојде и да учествува во дебатите.

Слични објави

Те барам во спомените и во секоја песна: Братот на загинатиот тапанар од „ДНК“ свиреше во чест на Ѓорѓи

Еспресо

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

(Видео) Падна бакнеж меѓу Душко и Карлеуша: Емотивно ѝ се обрати, а таа не ги сокри солзите

Еспресо

Ќерките на Горан Бреговиќ ќе наследат империја од недвижности вредна повеќе од 35 милиони евра

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Оделе во исто училиште, а не знаеле дека се брат и сестра: Марија Шерифовиќ како девојче дознала болна семејна тајна

Т.Ц.
Се вчитува....