13.8 C
Скопје
22:48 - 28 април, 2024

Најпопуларните најевтини дестинации за летен одмор 2023: Сончев Брег меѓу фаворитите на Европјани, Скопје и Подгорица на Русите

Цените се шарени, речиси и да нема дестинација што не поскапела, па без 550 евра по човек е речиси невозможно да се оди на одмор на најмногу една недела дури и кога се во прашање најевтините дестинации.

Пандемијата на коронавирусот, а потоа и руската инвазија на Украина предизвикаа инфлација, поскапувањето на енергенсите ги погоди речиси сите сфери вклучително и туризмот. Цените на туристичките аранжмани годинава се значително повисоки од ланските, но и покрај тоа, резервациите за одмор во голема мера го достигнаа нивото од 2019 година.

Алгарве во Португалија најевтин во еврозоната

Според рејтинг листата на британските експерти на најевтините одморалишта, земајќи ги предвид цените на кафето, пивото и оброците, побарувачката за одмор во странство за европските граѓани во 2023 е блиску до нивоата пред пандемијата. „Ројал Меил“ го објави својот годишен извештај за одмор за да им помогне на своите патници да направат паметен избор. „Лошата вест е дека цените на храната, пијалоците и другите артикли за патување се зголемени во 80% од одморалиштата и градовите ширум светот“, информира порталот. Па така, за Европјани, една од најевтините дестинации според оваа листа е Мармарис (Турција), која инаку, минатата година беше на првото место, но во 2023 година падна на второто и покрај тоа што турската лира поевтини. „Како и на многу места, цените во баровите и рестораните се зголемени повеќе од двојно од минатата година поради инфлацијата и зголемувањето на минималната плата за 55 отсто. Сепак, кафе може да се испие и за 1,65 евра, шише пиво може да се купи за околу 3,40 евра, а оброк за двајца, вклучувајќи чаша домашно вино, ќе ве чини околу 45,60 евра“.

Алгарве во Португалија

Регионот Алгарве во Португалија има најевтино кафе и вино. Овде, според британските туристички експерти, се нуди најдобра вредност за парите. Регионот е рангиран како најевтина дестинација во еврозоната, иако цените се зголемија за една третина од минатата година. Сепак, на овој карпест брег со бели фасади најевтиното кафе е 0,92 евра, а виното 2,06 евра.

Бугарски Сончев Брег една од најбараните летни дестинации

На листата на британските туристички сајтови високо котира – како евтина дестинација – и бугарскиот Сончев Брег, на Црното Море. Шолја кафе во крајбрежно одморалиште чини 1,09 евра, додека шише пиво – 2,18 евра. „Сончев брег е најевтиното место во Европа за да нарачате вечера за двајца со вино – нешто повеќе од 41 евро. Ова е добра вест за патниците кои сакаат да пробаат локална морска храна“, препорачува „Ројал Меил“. Бугарскиот Сончев брег се најде и на топ листите на „УК Пост Офис и „Травел оф пат“, објаснуваќи дека „во текот на денот, туристите можат да уживаат во долгата песочна плажа, блиските атракции и античките урнатини, а кога сонцето заоѓа, Сончев Брег станува рај за забавите, со раздвижени клубови и барови отворени до зори“.

Сончев брег

Меѓу топ три најпосакувани, а најевтини дестинации, годинава за Европјаните е и Коста дел Сол, Шпанија, каде туристите може да платат помалку од 3 ева за чаша вино и околу 60 евра за оброк за двајца, потоа Пафос (Кипар) и Крф, Грција каде „туристите може да очекуваат да платат околу 0,55 евра за шише вода и 60 евра за оброк за двајца“.

На Русите им се препорачуваат Подгорица, но и Скопје

Руските туристички сајтови ги повикаа своите граѓани кои сакаат да се релаксираат поевтино ова лето, да „обрнат внимание на помалку популарни дестинации“. Во првите десет најприфатливи градови ги препорачуваат: Подгорица, Скопје, унгарските Дебрецен и Сегед, полските Варшава и Лублин, Софија, Тузла, Белград и Прага. Сепак, според досегашните резервации, за повеќето Руси штедењето не е најважно, тие се подготвени да платат повеќе но за квалитетен одмор.

Италијанците ја форсираат Албанија

Италијанските туристички сајтови за ова лето на своите граѓани како најевтина а убава дестинација го препорачуваат брегот на Албанија со совет да го посетат „пред да стане премногу познат“. „Можете да уживате во спектакуларни недопрени плажи и тиркизно море, во речиси целосна изолација. И покрај одличната локација, Албанија е сè уште малку позната“, се вели во написите. Една од најинтересните евтини дестинации е секако Порто (Португалија), кое се поврзува и со ноќевања во Алгарве, па до Алентехо. „Секогаш популарна и со релативно ниски цени е Грција. Можете да изберете еден од прекрасните острови или да одите и да го откриете фасцинантниот полуостров Халкидики, за среќа сè уште не преплавен од туристи“. Се препорачува и Хрватска, но сепак не е наведена меѓу топ – евтините дестинации, но затоа меѓу евтините се препорачува Бугарија која, како што се наведува, нуди „луда забава, но и прекрасни заливи и рајски заливи на Црното Море“. Понатаму се препорачува и Црна Гора – „Истото важи и за Црна Гора, едно од најевтините места за одење на плажа“, според италијанските туристички сајтови.

За Италијанците најевтина фаворит летна дестинација е Албанија

Каде ќе летуваат Србите и Бугарите?

Според бугарските туристички сајтови најпосакувани и најпопуларни дестинации се Турција и тоа Истанбул, Бодрум и Фетије. Потоа, Грција, особено островите Тасос, Крф и Крит, па на третото место е Италија (благодарение на евтините авионски билети кои ја „олеснуваат“ цената на аранжманот), и тоа главно Рим и Сицилија. Следуваат Египет, Мароко и Тунис. Што се однесува до Србите, нивен фаворит останува Грција и тоа во приватно сместување. „Во Грција хотелите во најголем број случаи ги кренаа цените за дури 20 до 25 отсто годинава во однос на минатата, а кога е во прашање апартманското сместување, покачувањето е незначително, од 5 до 7 отсто кога е во прашање предсезоната и крајот на сезоната, додека во екот на сезоната цените се повисоки за 15 отсто“, се вели во написите. Сепак, Србите се секогаш расположени и за егозитични дестинации, па како најевтини годинава се нудат Делхи (Индија), Пном Пен (Камбоџа), Тбилиси (Грузија), Хо Ши Мин (Виетнам), Меделин (Колумбија), Луанг Прабанг (Лаос) и Банкок (Тајланд), а на листата на најевтини е и Египет.

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....