9.8 C
Скопје
14:43 - 31 март, 2026

На песната и спотот работеше една година: Филип Пешевски ја објави „Ти ми стоиш најдобро“ (ВИДЕО)

Младиот и талентиран пејач Филип Пешевски конечно го објави видеоспотот за неговата најнова песна со наслов „Ти ми стоиш најдобро“. 

Станува збор за песна која е работена долго време, а како автори на истата се потпишуваат: Елвир Мекиќ – текст, Лазар Цветковски – музика и  Никола Автовски – аранжман.

Она по коe се разликува оваа песна на Филип од останатите негови колеги од естрадата, е тоа што во создавањето на музиката учествува ѝ „Баги Биг Бенд“ составен од дестина искусни музичари.

– Среќен сум што конечно е готов целиот овој производ. Верувале или не, на сето ова работев цела една година, бидејќи сакав да звучи и да изгледа се совршено. Воопшто не е мала работа да се изреализира сето ова, но со помош на моите пријатели успеав. Се надевам дека публиката ќе ужива во новата песна – вели младиот пејач, кој во иднина ветува уште многу песни и видеоспотови.

Погледнете го спотот:

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....