11:04 - 9 ноември, 2026

Морган Фримен е против терминот „Афроамериканец“: „Повеќето луѓе со темна кожа се од мешана раса, а Африка не е една земја“

Познатиот актер Морган Фримен ја осуди употребата на терминот „Афроамериканец“ во интервју за „Тајмс“.

„Има две работи што ги сметам за навреда. Првата е Месецот на црнечката историја. Ќе ми ја намалите историјата на еден месец? Афроамериканец исто така е навреда. Не се согласувам со тој термин. На црнците им се давале различни имиња и титули, сè до зборот што почнува на ‘н’. Не знам како овие имиња толку лесно се фаќаат, но сега сите користат Афроамериканец. Што всушност значи тоа? Повеќето луѓе со темна кожа се од мешана раса. А Африка не е една земја, таа е континент, како Европа“, рече актерот.

Инаку, Месецот на црнечката историја се слави во февруари во САД и Канада и во октомври во Велика Британија.

Слични објави

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova
Се вчитува....