12:24 - 28 ноември, 2026

Милица Тодоровиќ има нов дечко: Ѝ ги тетовирал веѓите, а сега имаат големи планови за иднината

Пејачката Милица Тодоровиќ повеќе не крие дека е повторно заљубена. Српските медиуми веќе со денови зборуваат за новата љубов на пејачката Милица Тодоровиќ.

Српската пејачка веќе два месеци ужива во среќна врска за уметникот за тетовирање веѓи Лазар Граниќ. и Лазар е поранешен модел и е од Нови Сад. Сега, за прв пат по раскинувањето со актерот Петер Стругар, Милица ја призна новата врска.

„Вистина е дека јас и Лазар сме заедно“, беше сè што кажа на оваа тема.

Според пишувањата на медиумите, новиот избраник на Милица и претходно се појави во медиумите како потенцијален учесник во втората сезона на „Задруга“, кога изјави дека му се допаѓа Луна Ѓогани и дека не би имал ништо против да биде интимен со неа пред камери.

“Милица и Лазар се во врска околу два месеци. Се’ во нивната врска пука од страст, а се запознале кога таа отишла кај него на трајна шминка на веѓите. Љубовта се разгорела на прв поглед и оттогаш се неразделни Тие се многу посветени еден на друг и нејзината врска, изгледа како да може да прерасне во нешто посериозно.Лазар живее во Дубаи, па тоа можеби би можело да биде проблем, но исто така не е исклучено да се пресели кај него, и патува од Емиратите на настапи“, изјави извор близок на пејачката кој инсистираше на анонимност.

Фотографиите од заљубениот пар може да ги погледнете тука.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо
Се вчитува....