11:55 - 15 ноември, 2026

„Пост и разговор со Бога“: Теодора Џехверовиќ откри каква била нејзината борба со анксиозноста

Пејачката Теодора Џехверовиќ јавно зборуваше за анскиозноста со која се бори. Имено, пејачката одговараше на прашањата на следбениците од социјалната мрежа Инстаграм и во таа прилика откри дека се бори со анксиозноста и сите предизвици кои ги носи оваа состојба.

Еден од следбениците ја прашал дали поминала низ фази на вознемиреност и внатрешен страв, по што Теодора објаснила како се снашла со тоа.

– Да. А еве што ми помогна: се ослободив од токсичните луѓе. За жал, ми требаше малку повеќе време за да го сфатам, но фала му на Бога што ми помогна со некои „знаци на патот“. Физичка активност. Пост и разговор со Бога. Научив да кажам не во животот. Тоа не значи дека сум кажала „не“ на грд и отсечен начин, туку само со убав тон објаснив зошто не уживам во одредени работи и дека би сакала таа личност да го разбере тоа на вистински начин. Сонцето е она што ми ја лекува душата – започна Теодора.

Пејачката истакна и дека научила да го прифаќа фактот дека понекогаш се чувствува лошо и дека тоа е променлива категорија.

– Не видов лоша ситуација како краен резултат, туку нешто што е таму, но е минливо. Денеска ќе бидам напната и вознемирена, утре не. Животот не е мед и млеко и морам да знам да прифатам дека понекогаш се чувствувам лошо, исто како што уживам кога се чувствувам добро – додаде Џехверовиќ.

Дополнително, Теодора објасни колку е навистина важно луѓето да разговараат со семејството, психотерапевтот или пријателите и дека чувствата што ги имаат не треба да се „потиснуваат“ туку да се изразуваат.

Слични објави

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо
Се вчитува....