9.8 C
Скопје
12:22 - 31 март, 2026

Меган Маркл го откажа првото интервју по напуштањето на кралското семејство

Меган Маркл го откажа гостувањето во живо во емисијата „Good morning America”, а наместо интервјуто ќе се емитува нешто друго, пренесуваат странските медиуми.

Сопругата на принцот Хари требаше да се појави во телевизиското шоу за прв пат по напуштањето на кралските должности, но Меган сепак нема да се појави во живо.

Требаше да зборува за документарецот на Дизни „Слон“ каде го позајми својот глас. Филмот на каналот „Дизни +“ беше прикажан на 3ти април, а оние кои го гледале тврдат дека Меган во него звучи мирно, сигурно и јасно.

Меѓутоа, Меган сепак нема да се појави во емисијата во живо и да зборува за својата улога, туку наместо интервјуто ќе се емитува дел од филмот „Слон“.

Хари и Меган, според пишувањето на странските медиуми, ја купиле луксузната вила од актерот Мел Гибсон во Калифорнија. За оваа недвижнина поранешниот кралски пар наводно искеширал дури 13,7 милиони евра.

Да се потсетиме, кога се откажаа од кралските должности Меган и Хари се преселија во Канада поради помалиот данок, а во екот на пандемијата на коронавирусот со приватен авион заминаа за Лос Анџелес, каде ја испазарија и скапоцената вила.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....