25.8 C
Скопје
16:07 - 28 април, 2024

Зошто светот застана поради коронавирусот, а не и поради еболата, свинскиот грип и САРС?

Коронавирусот не е единствен вирус со кој човештвото морало да соочи во новите, модерни времиња. Светот преходно се бореше со ебола, САРС и МЕРС.

Секој од овие вируси беше сериозен, неговите последици трагични, а сепак никој од нив не предизвика толку општевени поделби и економска криза како коронавирусот.

Зошто токму поради коронавирусот запревме речиси се, а поради другите не, анализираа новинарите на „Five Thirty Eight“.

САРС и МЕРС

Новинарите пишуваат дека во 2002 година се појави патоген кој почна да се нарекува тешка респираторна болест во Кина. Во текот на првата половина од 2013 година, се рашири низ 26 земји, зарази најмалку 8090 луѓе и уби 774.

САРС е сличен на Ковид – 19, но далеку помал учинок. Сепак, тогаш имаше висока смртност од 9,6 проценти, што во споредба со денешната состојба на смртност од Ковид – 19 е 1,4 отсто.

Уште поголема смртност имаше МЕРС, од дури 34 отсто. Но исто така доведе до помалку смртни случаи од Ковид -19. Од јануари 2020 имаше 2.519 случаи на МЕРС и 866 смртни случаи поврзани со него.

САРС и МЕРС не беа разорни како Ковид -19, зошто не се пренесуваат така лесно. За нивно пренесување потребен е близок контакт, најчесто меѓу семејството или здравствените работници и пациентите.

Кога некој и би се заразил од нив, не можел да го пренесе пред да му се појават симптомите како што е случајот со коронавирусот. Во тие случаи, луѓето би биле хоспитализирани и пренесот на вирусот е потежок.

„Освен неколку случаи кога САРС е пренесен на повеќе луѓе, САРС се ширеше низ здравствениот систем и тоа при интубации или дијализа“; рече Стивен Морсе, епидемиолог на Универзитетот во Колумбија.

„Можевте да го контролирате САРС така што ги следите инфекциите и ако сте ја зголемиле превензијата во болницата“, додаде тој.“

Ковид -19 може да го шират луѓе без симптоми, а освен тоа лесно се пренесува од човек на човек. Луѓето кои не знаат дека се заразени може да заразат други луше. Поради тоа социјалната дистанца стана клучен дел од стратегијата за борба против вирусот.

Свински грип

Пролетта 2009 година новата верзија на вирусот Х1Н1 се појави и се прошири брзо. Се работеше за вирусот кој во 1918 година го предизвика Шпанскиот грип.

Сега тоа беше свинскиот грип кој зеде меѓу 151.000 и 575.000 животи во краток рок од 12 месеци, според податоците на американскиот ЦДЦ. Се заразија речиси милијарда луѓе до крајот на 2019 година.

Лесно се ширеше од човек на човек, како и Ковид -19, а можеби дури и со луѓето кои се уште не развија симптоми. Едно заразено лице можеше да зарази 1,4 до 1,6 лица, што е малку пониска од Ковид -19 кај кој стапката е меѓу 1,5 и 3,5.

Зошто тогаш свинскиот грип не предизвика хаос како Ковид-19? Главната разлика е дека тоа беше вирус кој предизвикуваше многу поблага инфекција која предизвикуваше помалку смртни случаи. Дури и ако се земат во предвид најцрните проценки за тоа колку луѓе починале од свински грип, тоа и натаму е помалку од моменталните проценки за Ковид -19.
„Пандемијата од 2009 година која многу се рашири имаше ниска стапка на смртност. Тоа е причината зошто не беше така сериозна пандемија“, рече Ентони Фаучи од Тимот на Белата куќа за борба против вирусот.
Ебола

Еболата првпат се појави во 1976 година, а повремено се појавува од тогаш. Од 2014 до 2016 година имаше случаи во Африка. Тоа е тешка и сериозна болест која во просек убива 50 отсто од оние кои ќе се заразат од неа, според проценките на СЗО. Но, во текот на епидемијата од 2014 до 2016 година починаа околу 11.000 луѓе, во регионите каде се појави инфекцијата.

Еболата не се пренесува лесно, заразените не можат да ја пренесат додека не почнат да покажуваат симптоми, а и тогаш се пренесува со директен контакт на телесни течности на заразеното лице, како крв, пот и урина, и од честичките кои се шират при кашлање и кивање.

Еболата предизвикува силни симптоми како температура и замор кои се проследени со повраќање и дијареа. „Ако сте во зоната во која има ебола, ќе би биде јасно дали лицето со кое разговарате е ризично или не“, рече Вилијам Ханаге, епидемиолот од Харвард.

Поради тоа е полесно да се изолираат заразените и да се заштитат здравствените работници за да се ограничи ширењето на вирусот. Тоа се случи со епидемијата до 2014 год 2016 година.

Разликата е голема во однос на Ковид-19 за кој знаеме дека може да се шири од лице кое е заразено, а кое нема симптоми.

Ковид-19

Во секој од горенаведните случаи одредени вируси имаа барем една од клучните компоненети кои ги има Ковид -19, а што доведе до глобална пандемија.

„Ова е совршена бура“, рече Ангела Расмусен, виролог на Универзитетот во Колумбија која е специјализирана за заразни болести.

Ковид-19 може да биде толку благ и да не се забележи дека го имате, а може да се пренесува и додека лицето не знае дека е заразено. Доволно е сериозен за да убие поголем дел од оние кои ќе се заразат.

Се заедно, се работи за вирус кој тешко може да се контролира и следи што доведе и до значителни промени во нашите животи.

 

The post Зошто светот застана поради коронавирусот, а не и поради еболата, свинскиот грип и САРС? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....