10:50 - 29 ноември, 2026

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Српскиот пејач Никола Роквиќ пеш тргна на пат долг 1.060 километри, а неговата крајна цел е манастирот Нектарија Егина во Грција. Денеска е шести ден од неговото започнување.

Никола си постави цел да помине пат од 1.060 километри без превозни средства, а на ден пешачи и трча по околу 30 километри.

Роквиќ денеска реши да го собори својот рекорд, па најави дека планира да помине дури 38 километри, во што и успеа.

Пејачот веднаш се пофали со својот успех на својот профил на Инстаграм, објавувајќи фотографија од својот часовник кој му ја мери километражата.

Да потсетиме, Никола неодамна објави добра вест и откри дека за само шест дена собрал пет милиони динари.

„Поминавме пет милиони. Ви благодарам многу, многупати ви се врати. Ве сакам и ве бакнувам, збогум“, порача Никола преку својот Инстаграм.

Инаку, Никола Роквиќ и неговата сопруга Бојана основаа фондација која има за цел да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна, а пејачот пеш тргна на пат за Атина, до манастирот Свети Нектариј Егински и на тоа патување ќе собира средства за детската онкологија.

Слични објави

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.
Се вчитува....