22:18 - 9 ноември, 2026

Денес се Цветници, единствен празник на кој треба да се работи

Еден ден по Лазаровата сабота, во последната недела од велигденскиот пост, се прославува празникот Цветници, кој го симболизира влегувањето на Исус Христос во Ерусалим.

Името го добил по расцутеното гранче палма кое Исус го носел во рака при овој свечен чин.

Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници. Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што Исус му служел на народот.Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините.“ Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим уште од најрани христијански времиња е востановен празникот Цветници, кој се празнува од третиот век.

Карактеристично за овој празник е што и покрај тоа што се смета за голем, не значи дека не треба да се работи – напротив, ова е одличен ден за земјоделците, особено за оние кои одгледуваат лен и зелка.

Исто така, Цветници е и одличен празник на кој можете без грижа на совеста да започнете нешто ново или да носите важни одлуки.

Според верувањата, симбол на последниот викенд пред Велигден се копривата и врбата, па затоа во многу традиционални домови можете да видите украси токму од овие растенија.

На овој ден именден слават оние кои носат имиња изведени од некое цвеќе, на пример Цветанка, Ружица, Лилјана итн.

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....