04:04 - 27 ноември, 2026

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

Пејачката Теја Дора со својот тим замина во Малме, каде ќе ја претставува Србија на натпреварот за „Песна на Евровизија 2024“.

Марија Шерифовиќ ја испрати на ова големо натпреварување и ѝ посака многу успех и среќа.

На социјалната мрежа Твитер набрзо се појави фотографија која на сите љубители на овој настан им даде можност да ја погледнат сцената пред настапот и да видат како ќе изгледа сцената каде Теја ќе ја пее песната Рамонда.

Се гледа дека на сцената ќе има многу чад, голема карпа, но се гледа и каква креација ќе носи Теја.

Настапот ќе биде сосема поинаков од оној што го изведе на српската Беовизија, а Теја внимателно и долго се подготвуваше за овој важен момент. Пробите во Малме се во тек, а сите се надеваат дека таа ќе успее да победи и следната година да го донесе ова големо натпреварување во Србија.

Потсетуваме, Македонија годинава нема свој претставник на Евровизија.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....