31.2 C
Скопје
12:14 - 21 јуни, 2026

Меган Фокс откри дека син ѝ го малтретирале затоа што носи фустани: „Моето дете страда“

Актерката Меган Фокс се расплака во неодамнешното интервју за Glamour UK додека зборуваше дека нејзиниот најстар син, 9-годишниот Ноа бил малтретиран на училиште.

Вели дека нејзиното срце е скршено од суровоста на децата со кои нејзиниот син ги дели училишните клупи.

– Имам дете кое страда. Многу сум загрижена поради тоа, би сакала човештвото да не е такво – изјави Меган за својот деветгодишен син.

Актерката и претходно отворено зборуваше дека нејзиниот син сака да носи фустани.

– Уште кога имаше само две години, тие му беа поомилени од панталоните – вели Меган.

Во меѓувреме, како што изјави за Glamour, прочитала многу книги на оваа тема, вклучувајќи ги и оние напишани од трансродови деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Изборот на облека на својот син го гледа како негов начин на изразување.

– Некои од книгите порачуваат дека можеш да бидеш момче и да носиш фустан. Можете да се изразите преку вашата облека како што сакате. Тоа дури и не мора да има никаква врска со вашата сексуалност – рече таа.

Додаде дека со години работела за да ги охрабри Ноа и неговите браќа, Џорни и Боди, да го прифатат тоа што се. За жал, вели таа, други луѓе се тие кои имаат проблеми со личниот избор на нејзиниот син.

Таа истакна дека и е тешко што поради работата мора многу да патува и да ги остава синовите.

„Посакувам да можам да ги земам со себе, тоа би ги олеснило работите. Тешко ми е, не само поради притисоците на општеството, туку и поради тоа што сум одвоена од нив. Тие се мојата ДНК“, додаде таа.

 

Слични објави

Бојан Илиевски е победник на 19. сезона на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ искрена за „Ѕвездите на Гранд“ — многу сум образована и не го брукам својот народ

apostolova

Дневен хороскоп за 21 јуни: Пред вас е ден полн со предизвици, бидете внимтелни

apostolova

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova
Се вчитува....