05:21 - 28 ноември, 2026

Проектили над Киев: Жртвата е новинарка од Радио Свобода

Вера Гирич имала 55 години и живеела на вториот кат од зградата погодена од проектил.

Новинарката на Радио Свобода Вера Гирич (55) е убиеното лице во нападот што погоди станбена зграда во Киев, додека во градот бил присутен секретарот на ОН, Антонио Гутереш.

Веста ја објавија нејзините колеги и радиодифузерот за кој работеше преку социјалните мрежи.

Вера Гирич била поранешна вработена во израелската амбасада во Киев, објави на Твитер израелскиот амбасадор Мајкл Бродски.

„Амбасадата изразува длабоко сочувство до семејството и пријателите на Вера“, се вели во изјавата на амбасадорот.

Ракетата го погодила станот на новинарката која живеела на вториот кат од зградата. Гирич работела и за ТВ каналот „1 + 1“.

Русија го потврди вчерашниот напад на Киев со „ракети со голема прецизност, долг дострел, лансирани од авиони“. Портпаролот на Министерството за одбрана во Москва, Игор Конашенков, објасни дека нападот бил насочен против воена цел, имено, кон фабриката за ракети „Артјом“.

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....