20.1 C
Скопје
22:50 - 10 јули, 2026

Марија Шерифовиќ во потрага по уличен пејач од Зеница: „Типот спие под мост, ќе го дотерам…“

Иако Марија Шерифовиќ е бескрајно талентирана, публиката не ја засака пејачката и членка на жирито на „Ѕвезда Гранда“ само поради добриот глас и големите хитови, туку и поради нејзиното хумано срце.

Марија многупати им помогнала на луѓето и на многумина им даде добар пример со своите постапки, кои ги прави и сега.

Имено, пејачката била крајно потресена откако видела видео од талентираниот уличен пејач Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој за жал нема дом.

– Овој тип спие некаде во Зеница под мост. Неговото име е Мустафа. Доколку некој од Зеница може и сака да го најде, ве молам да ме контактира и нека ми овозможи контакт. Мустафа да добие дом!  – порача Марија преку социјалните мрежи.

Инаку, на Јутјуб се појави видео на кое Мустафа си го разголи животот.

– Бев под кирија и повеќе не можев да продолжам да плаќам. Секој месец морав да имам двесте марки, а каде е храната? Малку можев да заработам од пеење, ама дождот ме зезна, непрекинато врне месец и половина. Немам пријатели и роднини, немам ниту татко ниту мајка, ниту еден свој човек. Без родители сум од седум години и цело време живеам на улица. Не успеав да најдам работа, пишувам и не ми одговараат. Гледаат циган и нема да ме вработат – вели момчето  од Зеница.

Мустафа изразил голема желба да се појави на натпреварот „Ѕвезде Гранда“, но како што вели не е во можност. Марија го сподели токму тој дел од видеото на својот Инстаграм профил.

– Треба да се има пари. Можам да одам до Ѕвездите на Гранд, но како? Не можам со 10 марки да одам дотаму. Џабе, треба пари и убаво да се облечеш, да купиш вратоврска. Треба да се претсавиш од каде си, име и презиме, колку имаш години. Јас би се пријавил ама не сум во можност. Немам ни родители, немам никој свој – рече момчето, а Марија веднаш одговори дека ќе му помогне и ќе му подари и вратоврска.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ позираше во тесни хеланки и кратка маичка – пејачката ослабе, се пофали со својата трансформација

Еспресо

(Фото) Ена Чолиќ во жешко издание – позираше во минијатурно бикини на плажите во Грција

Еспресо

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо
Се вчитува....