21:35 - 27 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ го одбила Саша Матиќ за дует: Имаше притисци, но песната не ми се допадна!

Марија Шерифовиќ неодамна ја сними дуетската песна „Демони“ со Јована Пајиќ, која израдува многумина бидејќи долго време чекаа тие двете да направат нешто такво. Сепак, Марија одбила познат колега за дует, што значи дека не ѝ е важно со кој снима, туку дека песната е добра.

Имено, Марија добила понуда да ја сними песната „Ти и ја“, компонирана од Саша Николиќ, но ја одбила. Многу брзо, песната стигнала до рацете на Саша Матиќ.

– Ја испеав демо-верзијата за песната „Ти и ја“. Авторот Саша Николиќ сакаше да ја снимам таа песна. Го одбив тоа, по цена на мојот живот. Тогаш Саша Николиќ му ја пушти на Саша Матиќ, а тој рече: „Ја земам таа песна, нема муабет“ – изјави Марија Шерифовиќ.

Сепак, таа песна не престана да ја следи Марија, бидејќи и Саша Матиќ сакал да ја сними како дует со неа, па дури и покојниот Саша Поповиќ ја убедувал да го стори тоа.

– Потоа ме повика и Саша Матиќ и ме убедуваше, но јас реков: „Не можам, не ја чувствувам песната, не ми се допаѓа“. Потоа Саша Поповиќ почна да ме малтретира за тоа: „Оди снимај песна со маж“ – изјави еднаш Марија за медиумите и додаде:

– Воопшто не е до човекот, со него би ја снимила најубавата песна, секако, но оваа не ми се допадна. Имаше притисоци, но јас не сакав.

Саша ја сними таа песна со Јелена Розга пред неколку години, а Марија признава дека не се кае за тоа.

– Сè уште не сум се покајала. Одлична песна е, но за мене е мека и сепак ми недостасува нешто – рече Марија.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.
Се вчитува....