21:40 - 8 ноември, 2026

Луксуз платен во готово: Еве колку Здравко Чолиќ и Халид Бешлиќ платиле за недвижнини во Хрватска

Халид Бешлиќ и Здравко Чолиќ, покрај нивните музички кариери, на кои многумина им завидуваат, во регионот се познати и како „кралеви на недвижностите“.

Чола купил луксузен стан во Марина Веруда, во една од зградите што се градат како дел од скап проект лоциран помеѓу марината и Песочниот залив. Овој проект вклучува пет згради сместени на рид над марината со прекрасен поглед на морето, напиша „Истарски.хр“ во 2023 година.

Цените во овие згради се движат околу 5.500 евра за метар квадратен, со оглед на големината и терасите што ги имаат некои станови, можно е некои од нив да се и значително поскапи, надминувајќи половина милион евра.

„Ѕвездите ви плаќаат во готово одеднаш, тие не земаат кредити“, открил агентот за недвижности Боро Вујовиќ за „24 часа.хр“.

Халид Бешлиќ купил земјиште во општина Драче на полуостровот Пељешац, каде што изградил прекрасна вила. Имено, во медиумите протекоа информации дека пејачот прво почнал да гради куќа, а дури потоа побарал градежна дозвола. Но, набрзо ја добил дозволата.

„Купив парцела од пријател, односно од неговата ќерка, која поседува компанија и гради комплекс од 12 куќи. Сè беше купено веќе со градежна дозвола. Нема да биде екстра луксузна вила, туку куќа од 170 квадратни метри. Дефинитивно ќе имам базен пред куќата. Верувам дека ќе биде готова следната година, не знам дали ќе можам да стигнам до летото. Ќе видиме. Се одлучив за тоа место поради мирот, убавината и близината до Сараево“, изјавил тој претходно за „24сата“.

 

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....