04:33 - 9 ноември, 2026

Аца Лукас го напушти Ургентниот центар: Фолкерот беше итно хоспитализиран, откриено со кои органи има проблем

Српскиот фолк пејач Аца Лукас вчера итно бил примен во Ургентниот центар поради висока температура, со пропратни здравствени проблеми, поради кои бил задржан на прегледи и испитувања.

Пејачот имал температура над 40, но и покачен ЦРП (протеин во крвта кој реагира со растење во случај на акутен воспалителен процес во организмот).

Лукас сега, по направените прегледи, го напуштил Ургентниот центар, а според информациите до кои дошол српски „Информер“, пејачот има проблеми со бубрезите и простатата.

Во оваа прилика се огласи неговиот менаџер Саша Мирковиќ.

– Почитувани, во име на Александар Вуксановиќ и во име на Хајп продукција, ве известувам дека концертите на Аце Лукас во следните неколку дена ќе бидат откажани или одложени поради неговата здравствена состојба. Сите со нетрпение го очекуваме неговото брзо закрепнување и продолжувањето на турнејата. П. С. За да не се шпекулира, станува збор за висока температура предизвикана од силна настинка, бидејќи Аца имаше повеќе од 30 настапи во претходните 60 дена и му падна имунитетот – изјави Мирковиќ.

 

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....