32.8 C
Скопје
14:39 - 18 август, 2026

Лиз Трас: „Ќе ѝ дадеме оружје на Молдавија за да ја запре инвазијата на Путин“

Министерката за надворешни работи Лиз Трус верува дека Путин е сè уште уверен во проектот за создавање голема Русија: „Би сакала да ја видам Молдавија опремена според стандардите на НАТО“, вели за британски Телеграф.

Велика Британија сака да испрати оружје и во Молдавија за да ја заштити од заканата од инвазија на Русија, рече министерката за надворешни работи Лиз Трас, во изјава за британскиот весник Телеграф. Трас рече дека верува дека рускиот претседател Владимир Путин останува решен да создаде „голема Русија“ дури и ако инвазијата на Украина не ги постигне посакуваните резултати.

Молдавија граничи со Украина на југозапад и не е членка на НАТО алијансата. Трас рече дека се водат тековни разговори со сојузниците за да се увери дека одбраната на Молдавија може да спречи какви било идни напади. „Би сакала да ја видам Молдавија опремена според стандардите на НАТО. Ова е тековната дискусија со нашите сојузници“, рече таа за Телеграф.

„Путин беше апсолутно јасен за неговите амбиции да создаде голема Русија. Па дури и ако неговите обиди да го заземе Киев бидат неуспешни, тоа не значи дека ги напуштил тие амбиции“, рече таа.

Доколку се усвојат плановите на Трас, членките на НАТО ќе треба да снабдуваат ново модерно оружје за Молдавија, кое би требало да ја замени старата опрема од советската ера со која моментно располага земјата, но НАТО треба и да ги обучи нејзините војници како да ја користат опремата.

Молдавија, според некои аналитичари, би можела да биде следната цел на руската офанзива откако ќе заврши украинскиот конфликт.

 

Слични објави

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо
Се вчитува....