7.6 C
Скопје
11:30 - 19 февруари, 2026

Кралиците на модната империја донираа сретства за болницата во Милано! (ФОТО)

Креативната директорка на модната куќа Версаче, 67-годишната Донатела Версаче и нејзината 33-годишна ќерка Алегра донираа голема сума на пари на секторот за интензивна нега во болницата „Сан Рафаело“ во Милано.

Оваа болница има потреба од помош поради огромниот број на пациенти кои таму се лечат како последица од коронавирусот.

„Во вакви моменти се важни заедништвото и потпората. Но, потребно е да се помогне и на сите оние кои се во првите борбени редови против болеста и кои секојдневно се трудат да спасат стотици животи“, изјави модната дизајнерка.

„Поради таа причина јас и Алегра се одлучивме да донираме пари во секторот за интензивна нега во болницата „Сан Рафаело“ во Милано“, додаде таа.

View this post on Instagram

❤️??

A post shared by Donatella Versace (@donatella_versace) on

„Нашите срца и мисли се покрај сите погодени од оваа болест, сите доктори и медицински персонал кои последните неколку недели непрекинато и несебично работат, настојувајќи да направат што е можно повеќе за нашите најмили“, изјави Донатела.

„Ова е време во кое како општество мораме да бидеме обединети и да водиме сметка едни за други“

Италија е втората најпогодена земја со коронавирусот после Кина, во која болеста се појави кон крајот на минатата година.

Слични објави

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо
Се вчитува....