7.8 C
Скопје
23:37 - 25 април, 2024

КОЈА Е НАВИСТИНА ЏУЛИЈА ФОКС, НОВАТА ДЕВОЈКА НА КАНЈЕ ВЕСТ: Има минато на зависничка со постојан ризик од предозирање, слика на платно со сопствената крв, секогаш шетала со убава чанта но без пари…

Џулија Фокс, благодарение на љубовната афера со поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, раперот и моден дизајнер Канје Вест, деновиве стана насловно име во медиумите. Но која навистина е Џулија Фокс?

На десното рамо има истетовирано „Sancti“, а на левото – „Spiritus“ , глумицата има главна улога, покрај Адам Сендлер, во „Uncut Gems“ и минато на зависничка во кое постојано постоеше ризик да се предозира. Ова е кратката приказна за глумицата Џулија Фокс, новата италијанско-американска партнерка на Канје Вест.

Нејзиното лице го заобиколи Интернетот откако пред неколку дена, Interview Mag објави напис за вториот состанок на новата двојка, кој помина горе-долу како обичен, луксузен состанок: прво во кино, потоа во ресторан и на крај во хотел. Да не беше фактот дека Је организираше мал огномет за време на вечерата и ѝ подари апартман полн со облека, немаше ни да има ништо бомбастично за објавување, се разбира освен самата средба која буди интересен.

– Тоа беше остварување на сонот на секоја девојка. Се чувствував дека имав вистински момент на Пепелашка, изјави Џулија.

Ова е нејзиниот момент сигурно, но која е г-ѓа Фокс и што направила г-ѓа Фокс пред да падне во прегратките на Канје? Сè уште не многу на актерско ниво, но девојката има свој круг на познаници и ако ова е почеток на нејзината приказна, тогаш изгледа многу ветувачко.

Дрогата ѝ ја отежнала бременоста и ставила крај на бракот

Родена е во Милано во 1989 година од мајка Италијанка и татко Американец, Џулија пораснала во близина на главниот град на модата каде што посетувала приватно католичко училиште до 4-годишна возраст пред да се пресели во Њујорк и да порасне во богатото соседство Јорквил во Апер Ист Сајд.

Девојките од оваа населба може да се сумираат на следниов начин:

„Слатки, не изгледаат збркано, но навистина се збркани. Секогаш шетаат со убава чанта, но без пари. Но, сепак се слатки и изгледаат како да се од Лонг Ајленд“, така барем зборуваат локалните жители за девојките кои се населуваат во нивната населба.

Во минатото, проблемите на Џулија главно беа поврзани со дрогата, за која – таа сама своевремено призна – дека била зависна некое време, што и ја отежнало бременоста и првиот брак со пилот на авиокомпанија, кој пред неколку години заврши, а со кој го има синот Валентино.

Растејќи, Џулија работела различни работи, вклучително и продавачка во продавница за чевли, а работела и кај производител на сладолед.

За списанието Ролинг Стоун во интервју во 2020 година, таа рече:

„Тоа беше во времето кога Крегслист сè уште го имаше делот „Забава за возрасни“. Ми требаше работа, а помеѓу огласите за ангажмани на курви, кликнав на оној на кој пишуваше „нема голотија, нема секс“, што ме привлече“.

Сигурна во своето секси тело, а има и голем број на важни контакти

Од друга страна, односот со телото и свесноста се основата на нејзините актерски способности, во кои Џулија одлично се снаоѓа, всушност во 2015 година таа позираше за Плејбој во режија на Грег Марни, чија муза станува токму таа.

Во 2019 година таа ја глуми Барби на насловната страница на Paper Magazine заедно со Кен – Пит Дејвисон.

По средбата со  браќата Сафди, режисери на нејзиниот дебитантски филм „Uncut Gems“, добива улога во филмот во кој глуми заедно со Адам Сендлер.

Во 2020 година, таа ја глумеше Ванеса Капели во трилерот на Стивен Содерберг „No Sudden Move “ заедно со Бенисио дел Торо што се емитува на HBO Max.

Пропадната, но талентирана дизајнерка

Покрај страста за актерството и различните работни места во адолесценцијата, Џулија беше и дизајнерка на модна марка за облека со нејзината пријателка и партнерка Бријана Бандалоре кога во 2014 година двете ја лансираа Franziska Fox, со цел да претстават жена која го поттикнува гледачот секогаш да ги гледа работите на нов начин. По умерениот успех во Америка преку благодарение на врските со стилисти, фотографи и објавени успешни фотосесии, проектот пропадна, а брендот беше отстранет дури и од страницата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Newheart Z. Ohanian (@newheartnyc)

Слика на платно со сопствена крв

Последно, но не и најмалку важно, Џулија Фокс е и ликовна уметница, но не слика со акварел или масло на платно, туку има сопствен креативен израз – имено, црта со сопствена крв на платно. Една таква самостојна изложба веќе се случи во во 2017 година елитна галерија во Њујорк, а самата изложба беше насловена „RIP Julia Fox“. Покрај тоа, таа објави и две фотографски книги, во 2015 и во 2016 година.

Инаку, во поткасти наречени „Забранети плодови“ емитувани на платформата за музика Spotify Џулија Фокс секој петок интервјуира жени со искуства на вознемирување и насилство од мажи за да го осветли суровиот свет кој сè уште нема храброст да преземе одговорност за семејното насилство и насилствата од партнерите врз жените.

Значи што се однесува до авангардниот поглед на уметноста имаат доста заедничко со Кајне, а што заедничко имаат во однос на карактерот, и како и дали ќе се согласуваат и надвор од креветот, останува да видиме.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....