01:37 - 19 август, 2026

Кина ја вооружува Србија, шест авиони со проектили испратени во Белград: СИГНАЛ НА ПЕКИНГ до Бајден и Зеленски?!

Порака, сигнал на сила испратена до администрацијата на Бајден, но и до украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишуваат западните медими. Кина го потврди испраќањето на системи за противвоздушна одбрана HQ-22 SAM во Србија, со шест авиони кои летаа од исток во текот на викендот.

Ако понудата на високотехнолошко кинеско оружје би била „вест“ во последните месеци, со избувнувањето на конфликтот во Украина, алармот беше уште поизразен и за српската позиција за конфликтот кој трае речиси 50 дена.

Владата на Белград на повторно потврдениот претседател Александар Вучиќ, гласајќи за резолуциите на ОН за осуда на руската агресија врз Украина, одлучи да не ги поддржи меѓународните санкции против Москва.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина Жао Лиџијан увери дека испораката на оружје за Србија спаѓа во опсегот на билатералните „проекти за соработка“ кои „немаат никаква врска со моменталната ситуација“ во Украина, пренесува „риформиста“.

Лиџијан нагласи дека шесте авиони Y-20 кои летале во Србија „испорачале редовни воени набавки“, прецизирајќи дека „годишните проекти за соработка меѓу Кина и Србија не се насочени кон трети страни“. „Неискажаното“ во официјалните декларации од Пекинг очигледно се однесува на пораката упатена до Вашингтон, кој речиси 50 дена бара од кинескиот режим да заземе јасна позиција за конфликтот во Украина: Пекинг е во состојба да постави воздушен превоз за „ испраќање на секаков вид материјал, дури и на многу долги растојанија, создавајќи преседан за можна помош за Москва во контекст на војната“.

Кинеските авиони, нарачани во 2019 година, слетаа во саботата на цивилниот аеродром Никола Тесла во Белград. Како што потсетува новинската агенција Анса, купувањето на кинеско оружје беше обесхрабрено од Соединетите Држави, нагласувајќи како влезот во Европската унија (Србија поднесе барање за членство во 2009 година) или во други западни сојузи, би вклучило употреба на одбранбени системи со повеќе униформни и западни стандарди. Кинеските ракети кои пристигнаа во Србија се слични на американските патриоти или руските С-300, но имаат помал дострел, 170 километри на височина од 27 километри.

Во заднина очигледно има геополитички стравувања за натамошно зајакнување на односите меѓу Србија, Кина и Русија. Загриженост поврзана особено со поранешната српска покраина Косово, независна од 2008 година и непризнаена од трите земји, за разлика од Соединетите Држави и поголемиот дел од „западниот блок“.

Српските медиуми пак, пишуваат дека „на овој начин Кина покажа дека ја цени и почитува воената неутралност на Србија и дека е подготвена доследно да го почитува договорот за опрема и во најтешките безбедносни околности во Европа“.

Што се однесува до ракетниот систем HQ-22, професорот др.Митар Ковач за српски информер вели:

„Ракетен систем HQ-22 не поседува ниту една армија во Европа или во регионот, па оттука и прекумерната љубопитност и критики од некои земји, кои се непријателски настроени. Овој ракетен систем често се споредува со „Патриот“ или со С-300. Од овие три ракетни системи, рускиот ракетен систем С-300, има најдобри перформанси и е најпознат и најсигурен во светот. Кинескиот ракетен систем ФК-3 има нешто пониски перформанси од С-300, за околу 10 до 15 проценти“.

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....