03:37 - 8 ноември, 2026

Кејтлин Џенер ги изненади следбениците: Се снимаше одблизу без грам шминка на лицето и покажа што работи во дворот (ВИДЕО)

Кејтлин Џенер (70) пред транзицијата беше во брак со ријалити ѕвездата Крис Џенер (64), со која ги има ќерките Кендал и Кајли Џенер, ги изненади своите следбеници на Инстаграм со својот природен изглед.

Некогашниот спортист во видео откри како изгледа средувањето на градината за време на изолацијата.

Кејтлин во оваа прилика се сними одблиску без воопшто шминка.

– Новости за напредокот на мојот проект за откорнување на коровот за време на карантинот, напиша Кејтлин.

View this post on Instagram

My quarantine weeding project update

A post shared by Caitlyn Jenner (@caitlynjenner) on

Во видеото се пошегува дека знае како сите умираат од желба да знаат се за тоа.

– Видовте пред некој ден како се е неуредно, а сега погледнете колку е убаво. Нема ниту малку коров. Видете ја другата страна, таму има многу работа. Останете активни, времето безо поминува, изјави таа.

Видеото развесели дел од обожавателите, додека некои ги шокираше поради изгледот.

„Тажно е што неговите внуки имаат дедо од 70 години кој мисли дека е Плејбој зајачиџа од 25 години“, гласеше само еден од грубите коментари.

Инаку Кејтлин пред неколку години се појави на насловната на магазинот „Вог“ и така го извести светот дека сега е тоа што секогаш била.

Тогаш со зборовите „Викајте ме Кејтлин“ ги запозна луѓето со своето вистинско јас.

Својата трансформација ја сними и во документарната серија „Јас сум Кејт“ која имаше две сезони и на неа заработи околу 3,2 милиони долари.

Таа напиша и книга „Тајните на мојот живот“ во кој ја опиша терапијата за промена на полот. Вредноста на нејзиниот имот се проценува на 100 милиони долари.

Таа во моментот е во врска со 23-годишната претприемачка Софи Хачинс.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....