17.8 C
Скопје
19:21 - 18 октомври, 2026

Камила Васкез, атрактивната адвокатка на Џони Деп ја „скрши“ Амбер Херд на клупата за сведочење

Судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд крена голема прашина, а сега вниманието од поранешните сопружници се сврте кон адвокатката на Деп, Камила Васкез. Нивниот близок однос во судницата поттикна гласини дека таа и Деп се во врска. Но, сепак се чиони дека адвокатката е среќно вљубена во британски агент за недвижнини.

37-годишната адвокатка, која е по потекло од Калифорнија, не зборува за приватниот живот во јавноста, не коментира во медиумите настани кои не се поврзани со судницата, а исто така не е присутна ни на социјалните мрежи.

Погледите и допирите кои Деп и Камила ги разменуваа во судницата секако дека беа забележани од будните очи на јавмста, а таквата блискост предизвика сомнеж кај многу корисници на социјалните мрежи и предизвика лавина шпекулации дека Камил е во врска со Деп.

Понатамошните случувања дополнително го разгореа огнот. Имено, кога Камила ја прашале пред судот во Ферфакс, Вирџинија, дали е во врска со Деп, таа само се смешкала и ги кренала рамениците, но не одговорила на прашањето.

TMZ сега пишува дека Камила го смета Џони Деп за исклучително духовит и дека не може да остане рамнодушна на неговата смисла за хумор; едноставно не може да издржи без да се насмее на некоја од неговите шеги, дури и кога се во судницата.

„Што е уште поважно, нашиот извор открива дека Камила е среќно заљубена и веќе неколку месеци е во сериозна врска со британски агент за недвижности.“, пишува TMZ.

Инаку, Камила Васкез, чиј мајчин јазик е шпанскиот, е соработничка во адвокатската канцеларија „Браун Рудник“ и е еден од членовите на бројниот адвокатски тим на Деп.

По вкрстеното испрашување на Амбер Херд, Камила доби доста фанови и стана популарна на социјалните мрежи.
Интеракцијата помеѓу Камила и Амбер за време на вкрстено испрашување стана доста напната. Во еден момент, Васкез ја принуди Амбер да признае дека, и покрај претходните тврдења, не ги донирала своите 7 милиони долари од разводната спогодба во добротворни цели. После тоа, социјалните мрежи експлодираа и фановите на Деп станаа и нејзини обожаватели.

Камила Васкез е родена во јули 1984 година, а нејзините родители Леонел и Марилија Васкез се со колумбиско потекло. Според јавните податоци, тие живеат во куќа вредна милион долари во Буена Парк.

Како што е наведено во нејзината биографија, Камила е специјализирана за клевета со дополнително искуство во спорови со договори, деловни деликти и барања поврзани со вработување.

Слични објави

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....