28.8 C
Скопје
22:45 - 20 август, 2026

Како Цеца одлучила да ја сними песната која денес е евергрин, а која ја одбиле и Брена и Драгана и Змијанац

Песната „Кукавица“, големиот хит на Цеца Ражнатовиќ, за малку ќе останел неотпеан. Авторскиот тандем Марина Туцаковиќ и Александар Фута Радуловиќ ја напишале оваа емотивна балада многу порано, но многу познати пејачки ја одбиле.

Иако авторите првично им ја понудиле на големи музички имиња како Лепа Брена, Весна Змијанац и Драгана Мирковиќ, ниедна од нив не сакала да ја сними. Така, „Кукавица“ останала дури шест години во фиока, без изведувач.

Судбината на песната се променила дури кога Цеца, по успехот на албумот „Бабарога“ и кратката пауза, решила да почне да работи со Марина и Фута.

-По албумот „Бабарога“, направив пауза од година и пол. Знаев дека сакам нешто поинакво, позрело и потемелно, и решив да одам кај Марина и Фута. Така започна нашата соработка. Каква случајност! Кога се појавив кај нив, ми кажаа дека имаат не само една песна за мене, туку цел албум! – откри Цеца.

– „Кукавица“ стоела во нивната архива шест години како целосно одбиена. Ѝ ја нуделе на Весна, на Драгана, на Брена и на многу други пејачки. Марина потоа ми кажа дека има песна што не им се допаднала, ама мене не ми беше грижа што моите колешки не ја сакале. Фута инсистираше да ја слушнам „Кукавица“, а таа му рече дека тоа не доаѓа предвид и да ја заборави таа песна – вели Цеца.

– Бидејќи ме заинтригира името, побарав да ја слушнам. Кога почнаа првите тактови и кога ги слушнав зборовите: „Прегрни ме“, имав феноменално чувство! Им реков: „Ќе го снимам ова уште вечерва“. Фута го направи аранжманот истата вечер, јас влегов во студиото следниот ден, ја отпеав од прва и сега е евергрин – рече фолк ѕвездата.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје – пејачката ја истакна новата фигура во провокативен фустан

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.
Се вчитува....