04:54 - 8 ноември, 2026

Јована Пајиќ се огласи откако колешката си го смени името поради неа

Пејачката Јелена Пајиќ годинава ќе настапи на „Евровизија 2025“, а еден месец пред музичкиот натпревар реши да го смени името. Јелена се одлучила на овој чекор бидејќи многумина ја мешаат со колешката Јована Пајиќ, па отсега ќе се претставува како Јелена Алин.

– Долго време размислував за промена. Постојано ме мешаат со Јована Пајиќ, па дури и се случувало да ми честитаат за песната „Лудило моје“ (се смее). Чувствував дека е време да ѝ се претставам на публиката на начин кој вистински ме одразува“, изјави Јелена, која потоа откри како се одлучила за новото име.

– Ќерка ми често ми велеше дека морам да најдам нешто препознатливо. Неодамна бевме на семејно патување во Франција, седевме во кафуле, пиевме кафе, сончев ден… и мојот очув се сети на една песна од младоста наречена „Алин“. Во тој момент сите рековме – тоа е тоа! И така настана.

Имено, Јована веднаш се огласи на Инстаграм за да ја сподели оваа вест, каде на својата колешка накратко ѝ порача: „Лудило моје“, а на коментарот додаде и емотикон во облик на срце.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....