21.8 C
Скопје
13:22 - 19 октомври, 2026

Јована Пајиќ неодамна настапила во клубот во Кочани: Тоа што се случи е страшно, веста навистина ме потресе

Српската пејачка Јована Пајиќ пред десетина дена настапи во дискотеката во Кочани, каде викендов избувна смртоносниот пожар. Фотографии од нејзиниот настап се достапни на официјалниот Инстаграм профил на дискотеката.

Јована сега проговори за трагедијата што се случи во Кочани. Таа рече дека веста навистина ја потресла и дека треба да се спроведе истрага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Club Pulse (@pulse_club_mkd)

“Местото каде што се случи сето тоа е дискотека, тоа не е шатор во кој така лесно може да избувне пожар. Тоа што се случи е страшно, веста навистина ме потресе. Не се сеќавам кога настапив дека има некоја голема пиротехника која може да предизвика пожар”, изјавила Јована.

„Треба да се истражи што точно се случило. Не знаеме дали пожарот е подметнат, треба да се спроведе истрага“, додава таа.

За потсетување, најмалку 59 лица загинаа во пожарот, а 155 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пожарот се проширил на таванот и покривот на дискотеката, кој брзо изгорел. Публиката на концертот кој започна на полноќ беше претежно млада.

Слични објави

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо
Се вчитува....