15:52 - 8 ноември, 2026

Јована Јеремиќ се расплака во утринска емисија: Ја сподели нејзината најголема траума

Српската водителка Јована Јеремиќ која постојано е во центарот на вниманието, овој пат многумина изненади и во Утринската програма се расплака пред сите во живо.

Имено, Јована раскажала за нејзината најголема животна траума, кога нејзината пријателка доживеала страшна сообраќајна несреќа.

„Она што ќе го кажам е мојата најголема траума. Имав пријателка, таа беше убава како Господ, а ние и денес сме најдобри пријателки. Заедно вежбавме одбојка, а таткото ѝ купи мотор. Моторот имаше голема кубна зафатнина, таа не можеше целосно да маневрира. Возеше низ селото, а еден ден доживеа сообраќајна несреќа на кривина, на 200 метри од мојата куќа, со моторот удри во трактор што носеше бали сено, удри во ретровизор, ги исфрли сите заби… Тоа и го промени животот. Најголем страв ми е моторот после тоа“, рече Јована која не можеше да ги задржи солзите.

Во емисијата водителката се присети и на моментот кога ја посетила својата пријателка по операцијата.

„Имаше бројни операции, јас преживеав толку тешки моменти, а една никогаш нема да заборавам. Ја посетив, се сеќавам дека дојдов кај неа дома, кога се симнуваше по скали, никогаш нема да го заборавам нејзиното отечено лице после сите операции. Фала Богу сега е добро,“ додаде водителката која не можеше да ги сопре солзите.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....