03:37 - 8 ноември, 2026

Ја удирал со камен по главата и го фрлил телото: Убиството на сестрата на Џеј го нарачал нивниот внук, трагедија од која пејачот никогаш не се опоравил

Во Белград синоќа се одржа премиерата на филмот „Недела“ за животот на починатиот пејач Џеј Рамадановски, чиј живот беше полн со подеми и падови, љубов и трагедии.

Џеј Рамадановски ненадејно почина, од срце кое 17 години беше полно со тага поради губитокот од кој пејачот никогаш не се опорави.

Неговата сестра Шехерезада беше брутално убиена во 2003 година во Црна Гора, а најболното е што масакрот го нарачал, а и лично присуствувал синот на нивната најстара сестра. Џеј никогаш не можел да се опорави од оваа загуба, особено знаејќи дека нивниот роднина е главниот виновник.

„Не знаеме што беше пострашно, болката поради губитокот на нашата сестра, начинот на кој таа почина или сознанието дека нивниот роднина го направил тоа. Џеј никогаш не се опорави од тој шок. Со години сликата на трупот на Шехерезада го прогонуваше. Се измачуваше себеси со прашања како негов роднина може да го направи тоа, да гледа, да молчи… Џеј, кој како дете од дом на улица гледаше сè, тој што со песна влегуваше во сечија душа влегуваше и ја правеше поголема, подобра, понежна, душата на својот најроден не можеше да ја допре и разбере. Џеј го идентификуваше масакрираното и веќе распаднато тело на својата сестра, ја препозна по златното ланче на десната нога, но оттогаш неговото срце се разболе и нешто во него неповратно се скрши“, раскажал за медиумите братучедот на Џеј по неговата смрт.

Џеј со месеци се обидувал да ја пронајде својата сестра, но за жал, успеал да го најде само нејзиното тело, кое подоцна морал да го идентификува. Таа слика го прогонувала со години.

„Шехерезада е моја постара сестра и исчезна кога со својот автомобил од Италија, каде што живееше, се возеше до Белград. Со месеци, нејзиниот сопруг, кој е Италијанец, и јас се обидувавме да дознаеме каде е таа. Шпекулиравме дали е киднапирана и дали воопшто е жива. Потрагата ја вршеше и Интерпол, но немаше извештаи кои би ја разрешиле мистеријата… Убиството на Шехерезада било долго планирано и намерно извршено. Нарачателот на убиството е наш внук, син на нашата најстара сестра. Тој имаше овластување да раководи со работите на приватната компанија на Шехерезада во Белград. Се чини дека при склучување договори и набавка на некои автобуси проневерил 10.000 евра. Направил уште неколку махинации и за да го прикрие сето тоа решил да ја убие. Впечатоците се уште пострашни бидејќи нашите семејства се богати и злосторство поради користољубие е апсурдно. Внукот дознал кога таа пристигнува со траект до пристаништето Бар, отишол да ја чека, но наместо безбедно да ја врати дома во Србија, ѝ поставил стапица. Убиството го извршиле двајца млади момчиња кои ги донел од Белград. Ја удриле по главата со тап предмет, се претпоставува дека е камен, а потоа ја оставиле таму“, раскажа своевремено Џеј за „Ревија 92“.

Пејачот во една прилика пред камерите изјави дека најголема тага му е смртта на сестра му.

„Кога загина сестра ми. Не можам да зборувам за тоа”, рекол Џеј тогаш со солзи во очите.

(Фото + Видео) Цеца се појави на премиерата на „Недела“ облечена во аутфит од 10.000 евра и пердуви на нозете

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....