13:54 - 7 ноември, 2026

Жељко Митровиќ најави дека ќе го оживее ликот на Џеј Рамадановски со помош на вештачка интелигенција

Синоќа во српската престолнина се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм „Недела“ кој се занимава со животот на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, а сега за тоа проговори и Жељко Митровиќ, сопственикот на српската телевизија „Пинк“.

Имено, Жељко Митровиќ истакна дека легендарниот Џеј Рамадановски бил негов голем пријател и дека ќе направи сѐ што е во негова моќ пејачот никогаш да не падне во заборав.

„Ќе оживеам некои од моите мртви пријатели еден ден! ВИ (вештачка интелигенција) аватари 24/7. Џеј е дефинитивно еден од нив“, напиша Жељко Митровиќна на социјалните мрежи.

Инаку, филмот „Недела“ ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост, па сè до големиот успех што го постигнал.

Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица или во поправен дом, Џеј успеал да го заземе своето место на музичката сцена и преку своите песни станал дел од животот на многу луѓе.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....