8.8 C
Скопје
00:04 - 20 октомври, 2026

Имате зголемен холестерол? Храна која помага за справување со ЛДП

Одредени намирници, како и промените во исхраната може да влијаат на намалување на лошиот холестерол (ЛДЛ).

Влакна. Само растителната храна содржи влакна, а растворливите се наоѓаат во намирниците како овес, семки, јаболка, цитрусно овошје, леќа и мешунки и се одлични за намалување на нивоата на холестеролот.

Јаткасти плодови. Ореви, бадеми, лешници, ф’стаци и пекан ореви можат да влијаат на нивото на холестерол. Според Американската агенција за храна, ако јадете грст од овие плодови на ден, можете да го намалите и ризикот од срцеви болести. Сè што содржи многу сол можете да го замените токму со овие намирници.

Соја. Без оглед во кој облик ќе ја послужите, сојата е одличен начин за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести така што ќе влијае на намалувањето на нивоата на холестеролот. Протеините од сојата се наоѓаат во тофу, јогуртот и млекото од соја… Омега-3 масни киселини. Го намалуваат нивото на триглицериди и шансите за појава на срцеви проблеми. Токму овие маснотии ќе го намалат процесот на производство на триглицеридите во црниот дроб, а покрај тоа што имаат противвоспалителни својства, го намалуваат и таложењето на плак во артериите и ја разредуваат крвта. Целта е да внесете најмалку две порции омега-3 масни киселини неделно преку риба, а тоа вклучува лосос, туна или сардини.

Лук. Може да го намали нивото на холестеролот во крвта за неколку проценти, но само краткотрајно. Но, треба да се биде претпазлив, бидејќи лукот може да го продолжи крвавењето, затоа не смее да се зема пред операција.

Црвен ориз. Може да влијае на намалувањето на нивото на лошиот холестерол. Администрацијата за храна и лекови на САД не го промовира овој производ како агенс за намалување на холестерол.

Други билни производи. Повеќе студии докажаа дека пискавецот, екстрактот од лист на артичока, ајдучка трева и босилек можат да помогнат во намалувањето на нивоата на холестеролот. Тука спаѓаат и ѓумбирот, куркумата и рузмаринот.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....