17:07 - 4 ноември, 2026

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Младата пејачка Тамара Грујеска со само 15 и пол години испиша нова страница во својата музичка приказна, настапувајќи како дебитант на 41. издание на реномираниот фестивал „Макфест“ во Штип.

Тамара настапи на првата фестивалска вечер, на 30 октомври, каде со својата младешка енергија, впечатлива сценска појава, моќна интерпретација и препознатлива харизма успеа да го привлече вниманието на публиката. Нејзиниот настап ѝ донесе пласман во финалната вечер, одржана на 31 октомври, што претставува значаен успех и уште една потврда за нејзиниот музички потенцијал.

Да се застане на сцената на „Макфест“, фестивал со богата традиција и значајно место во македонската музичка историја, е голем предизвик и чест за секој изведувач. А Тамара, и покрај својата млада возраст, покажа зрелост, самодоверба, сценска сигурност и професионален пристап достоен за големата фестивалска сцена.

Песната со која Тамара се претстави е музичко дело на еден од препознатливите македонски музички автори, Роберт Билбилов, кој ја потпишува музиката. За аранжманот и текстуалната креација се погрижи Златко Јовановски – ЈЗЈ, создавајќи музичка целина во која Тамара можеше да го покаже својот вокален потенцијал и изведувачки квалитет.

Ова фестивалско деби е уште еден значаен чекор во музичкиот пат на Тамара Грујеска, која зад себе веќе има бројни признанија и Гран при награди од музички фестивали во земјата и странство.

Од детските фестивалски сцени до големите музички манифестации, Тамара континуирано го гради својот препознатлив музички идентитет. Настапот на „Макфест“ претставува ново поглавје, но и доказ дека годините не се пречка кога зад микрофонот стојат талент, посветеност, дисциплина, амбиција и огромна љубов кон музиката.

 

 

Слични објави

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо
Се вчитува....