13:12 - 12 ноември, 2026

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, татко на покојниот Видое Ристовиќ, остро ги отфрли и демантираше последните тврдења на поранешната снаа Николина Пишек дека во бракот трпела физичко и психичко насилство.

Откако Николина во еден подкаст изјави дека покојниот сопруг ја малтретирал и дека дури ставил пиштол на маса кога таа сакала да зборува за развод, нејзиниот поранешен свекор реагираше негирајќи ги сите наводи:

„Таа него да го остави? Николина никогаш не сакаше да го остави Видое. Тој неа да ја удари? Боже сочувај, зошто не кажа порано? Поминаа години откако тој замина, а цело време зборуваше дека тоа беше најголемата љубов“, изјави Миша Гроф.

Тој категорично ги демантираше тврдењата за пиштолот и физичкиот напад, додавајќи дека неговиот син немал такво однесување:

„Каков пиштол, тоа никогаш! Тој неа не ја тепаше. Видое мравка не би згазнал, тој ја обожаваше. Сега тоа го прави сигурно поради новиот вереник, па прави драма“, порача Ристовиќ, истакнувајќи дека сè уште е во контакт со неа и не разбира зошто ваквите приказни излегуваат во јавноста.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....