13:57 - 24 ноември, 2026

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

Легендарниот рокер Милиќ Вукашиновиќ, некогашен тапанар на „Бијело дугме“ и „Индекси“ и основач на групата „Ватрени кољубац“, отворено прозборе за тешките животни искушанија, од загубата на ќерката Маја, која долги години се бореше со зависност од хероин, до ампутацијата на ногата.

Вукашиновиќ истакна дека ниту една физичка болка не може  да се спореди со душевната болка по загубата на сопственото дете:

„Таа душевна болка е најсилна и останува за цел живот. Кога детето ти е наркоман, знаеш дека секогаш може да се случи да се предозира. Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, мислев: ‘Еве, сега ќе ми јават’. Бев реално подготвен… Сè тоа хероинот го разори и мораше да заврши така како што заврши. Остана само тагата“, искрено сподели тој.

Говорејќи за ампутацијата на ногата, рокерот откри дека самиот го повикал хирургот откако се појавила гангрена, нагласувајќи дека позитивниот дух го одржал во живот.

Вукашиновиќ се осврна и на своите внуци кои се сместени во дом за деца без родители, објаснувајќи дека останува во контакт со нив, но дека не можел да ги земе кај себе бидејќи нивниот татко сè уште ги нема исполнето условите за преземање на старателството. Рокерот денес веќе не настапува во живо, туку својата уметност и неоткриени песни ги споделува со публиката дигитално, преку интернет.

Слични објави

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Е.А.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.

Рецепт за француски колач со јаболка и ванила – неодоливо сочен десерт со мирис на есен

К.С.

Дневен хороскоп за 24 ноември: Добрата организација ќе ви помогне да избегнете непотребна нервоза

apostolova

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо
Се вчитува....