Српската пејачка Милица Тодоровиќ повторно е во центарот на вниманието поради односот со таткото на нејзиното дете. Откако во медиумите се појавија информации дека нејзиниот партнер ретко ја посетува во новиот стан, сега се открива дека неговото отсуство од јавноста наводно било однапред договорено, со цел да се избегнат фотографирање и дополнителни шпекулации. Според извор близок до пејачката, ситуацијата во меѓувреме се смирила, а таткото редовно го посетува детето.
Милица неодамна беше тема на бројни медиумски написи поради тоа што нејзиниот партнер ретко бил забележуван во нејзиниот нов дом. Тоа предизвика дополнителни прашања и шпекулации, особено по информациите дека тој е оженет.
Сепак, според наводите на извор од естрадните кругови, причината за неговото отсуство не била недостаток на интерес за детето, туку желбата да се избегне јавно експонирање.
Првичниот притисок од јавноста и соседите наводно бил голем, па партнерот на пејачката внимавал да не биде забележан при посетите. Во меѓувреме, интересот за нивниот приватен живот се намалил, а ситуацијата станала порелаксирана.
Извор близок до Милица открил дека таа сега полесно се справува со околностите и дека таткото редовно, речиси секојдневно, го посетува детето.
„Милица не сакаше премногу да зборува за партнерот, но сега е појасно дека многу ѝ е полесно. Бебето убаво напредува, тој редовно доаѓа и повеќе не се крие како порано. Не сакаше да го видат ниту медиумите ниту луѓето од соседството, поради приказните дека е оженет, но сега притисокот се намали и сè е подобро отколку претходно“, тврди изворот.
Тој открил и дека пејачката во еден разговор со пријателка ја споменала поддршката од својата мајка.
„Мајка ми ми рече дека така е најдобро, да доаѓа кога може и кога е безбедно. Сите бевме во паника, не сакам уште и да го фотографираат“, наводно ѝ рекла Милица на својата пријателка во периодот кога скандалот бил во центарот на вниманието.
Според истиот извор, откако се намалиле реакциите во јавноста, сите малку се опуштиле.
„Милица тука ништо не би менувала, а кога ќе биде подготвена, ќе зборува за сè. Засега останува како што е“, додал изворот.
