17:01 - 3 ноември, 2026

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Дани Димитровска повторно отпатува во Холандија, каде што живее и работи нејзиниот син Лазар. Пејачката сподели фотографија на Инстаграм на која двајцата се прегрнати и насмеани, уживајќи во заедничките моменти.
Дани и Лазар имаат посебна блискост, а пејачката никогаш не криела колку е горда на својот син, кој веќе неколку години живее во странство. Лазар дипломираше на Универзитетот во Ајндховен, а потоа и магистрираше во Холандија, каде што ја гради својата професионална иднина.
Во емисијата „Животна приказна“ на Македонската телевизија, Дани неодамна искрено зборуваше за мајчинството и за одлуката да го поддржи синот да замине во странство. Таа откри дека токму нејзина желба била Лазар да се осамостои и да научи да се потпира на себе.
„Јас го терав да отиде, да се осамостои и да живее малку сам. Тоа беше моја желба. Јас вистински сакав да отиде во друга држава и да зависи од самиот себе. Посакував за него да стане независен. Далеку од мене. Го прифатив тоа уште многу одамна. За негово добро“, раскажа пејачката.


Дани во истата емисија зборуваше и за поранешниот сопруг Јоцо Димитровски, таткото на Лазар. Иако нивниот брак заврши, таа откри дека одлучила да го задржи неговото презиме токму поради синот.
„Јас сум Димитровска по презимето на Јоцо, но останав Димитровска не поради таа конекција, поради брачната состојба, туку за да го делам презимето со мојот син. За да имаме исто презиме“, рече Дани, објаснувајќи колку ѝ значи таа поврзаност со Лазар.
Пејачката стана мајка на 21 година, а во едно претходно видеоинтервју за „Слободен печат“ раскажа дека раното мајчинство го памети како еден од најубавите периоди во животот. Таа откри дека со Лазар изградила другарски однос, но дека секогаш постоеле и родителски граници.
Во септември 2025 година, Дани се омажи за својот долгогодишен партнер, поранешниот кошаркар Горан Веселиновски-Весел. Еден од најемотивните моменти на свадбената прослава беше нејзиниот танц со Лазар, кој пристигна од Холандија за да биде покрај мајка си на важниот ден.

Слични објави

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.

(Видео) Ова е свршеницата на Војаж со која доби дете: Се занимава со јавна работа, но ја чува приватноста

Еспресо

„Тијана плачеше на секоја моја песна“: Тамара откри како сестра ѝ реагирала на новиот албум, а раскажа и што најмногу сака да пее малата Хана

Еспресо

Јована Јоксимовиќ проговори за неизлечливата болест: „Научив да ги сакам своите мани“

E.A.

(Фото) Цеца е горда на најстариот внук: Тренира еден од најпопуларните спортови и реди успеси

Еспресо

(Фото) Ќерката на Дарко и Маја Панчеви како ангел на „Викторијас сикрет“ — Марија Панчева во гламурозно издание за Ноќта на вештерките

Еспресо
Се вчитува....