13:31 - 10 ноември, 2026

Хаос на Инстаграм поради старите фотографии од венчавката на Одри Хепберн (ФОТО)

Британската актерка и модел, Одри Хепберн, останала запаметена како една од најубавите актерки кои се појавиле на филм. Нејзиниот љубовен живот бил бурен, а се мажела два пати.

Еда Кетлин Ван Хемстра Хепберн-Рустон, како што гласело нејзиното целосно име, во 50-тите година била свршена со Џејмс Хенсон, за подоцна да се омажи два пати, со Мел Ферер и италијанскиот доктор Андреа Доти. Од бракот со Ферер го има синот Шон, додека од бракот со Доти има уште еден син, кој се вика Лука. Пред својата смрт го запознала Роберт Волдерс, со кој била во врска, иако никогаш не се венчале.

Неодамна на Инстаграм се појавиле фотографии од нејзината прва венчавка, со американскиот актер, режисер и продуцент Мел Ферер. Од него се развела во 1968-ма година.

На црно-белите фотографии двајцата делуваат заносно и заљубено, а за само еден ден откако биле поставени, добиле повеќе од 14.000 лајкови.

Инаку, Хепберн на почетокот на 90-тите години открила дека има рак на слепото црево. Се оперирала во Лос Анџелес, но тоа не помогнало. Починала на 20-ти јануари 1993-та година.

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....