20.8 C
Скопје
19:30 - 6 мај, 2024

Гласањето е отворено до 13 часот (по македонско време), Маск прашува: Дали да си поднесе оставка од Твитер?

Твитер објави дека ќе престане да промовира други социјални мрежи, а потоа се коригираше. 
На 4 ноември, кога Маск тврдеше дека компанијата губи 4 милиони долари дневно, Twitter отпушти половина од своите 7.500 вработени. Маск го врати и профилот на поранешниот претседател Доналд Трамп, а сега прашува – дали да остане на чело на Твитер. 

Твитер објави дека нема да им дозволи на корисниците да ги промовираат на своите профили неколку ривалски платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм. Компанијата „повеќе нема да дозволува бесплатна промоција на специфични платформи за социјални медиуми“, се вели во соопштението.

„Без разлика дали на ниво на твит или профил, ние ќе ја отстраниме секоја бесплатна промоција на забранети платформи за социјални медиуми од трети страни, како што е поврзување (т.е. користење urls) на која било од следните платформи на Твитер или обезбедување на сопствено корисничко име без URL-адреса“, објаснија од компанијата. Корисниците потоа би биле спречени, на пример, да објавуваат „Следете ме @username на Инстаграм“, соопштија од Твитер.

Коосновачот на Твитер Џек Дорси ја доведе во прашање новата политика со еден збор: „Зошто? Откако некои истакнати профили беа суспендирани според новата политика, вклучително и технолошкиот инвеститор Пол Греам, Маск твитна дека наместо да гледа поединечни твитови, новата политика едноставно „ќе ги суспендира профилите само кога основната цел на тој профиле промоција на конкурентите“. Тој подоцна рече: „Одиме понатаму, ќе има гласање за големи промени во политиката. Се извинувам. Нема да се повтори“.

Ненадејната промена на правилата е само последна во низата контроверзни промени што Маск ги направи откако ја презеде компанијата во октомври. Непредвидливиот милијардер дури ја стави на гласање својата иднина како извршен директор на Твитер. „Дали треба да се повлечам од функцијата шеф на Твитер? тој твитна, барајќи од корисниците на платформата да кликнат да или не.

„Ќе ги почитувам резултатите од оваа анкета“, додаде тој, а гласањето е отворено до 13 часот по македонско време. Набргу по преземањето на платформата, Маск објави дека платформата ќе наплатува 8 долари месечно за да го потврди идентитетот на сопствениците на профилите, но мораше да го стави во мирување својот план „Твитер Блу“ по срамниот бран на лажни профили.

На 4 ноември, кога Маск тврдеше дека компанијата губи 4 милиони долари дневно, Твитер отпушти половина од своите 7.500 вработени. Маск, исто така, го врати профилот на поранешниот претседател Доналд Трамп и рече дека Твитер повеќе нема да работи во борбата против дезинформациите за Ковид-19.

Во последниве денови, тој ги суспендираше профилите на неколку новинари – вклучувајќи ја и репортерката на Вашингтон пост Тејлор Лоренц – откако тие открија детали за движењата на неговиот приватен авион за што Маск сметаше дека може да ја загрози безбедноста на неговото семејство. Суспензијата на новинарите – вработени во Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост – предизвика остри критики, вклучително и од Европската унија и Обединетите нации. Американската Федерална трговска комисија соопшти дека „со длабока загриженост“ ги следи случувањата на Твитер.

Извршниот уредник на „Вашингтон пост“, Сали Базби, рече дека суспензијата на сметката на Лоренц „дополнително го поткопува тврдењето на Илон Маск“, бидејќи тој има намера да работи на Твитер како платформа посветена на слободата на говорот. Некои од суспендираните профили оттогаш се повторно активирани.

Слични објави

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо
Се вчитува....