04:20 - 29 ноември, 2026

(Фото) Зорица и Кемиш за само 40 секунди наредија околу 3.000 евра на хармониката: Детали од свадбата кои сè уште не сте ги виделе

Вчера, Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш организираа голема свадбена прослава по повод обновувањето на нивните завети, 40 години брак, а воедно го прославија и роденденот на пејачката.

На свадбата, гостите ги забавуваше бендот на Борко Радивојевиќ, а младенците беа првите што му дадоа бакшиш на хармоникашот.

Судејќи според видеата што се шират на социјалните мрежи, Борко го направи својот дел повеќе од добро, бидејќи младенците богато го нагардија. Тие наредија банкноти на хармониката, и за само 40 секунди беа наредени околу 3.000 евра.

Малку пред полноќ, гостите беа воодушевени кога ја видоа свадбената торта, која се протегаше низ целиот двор, а беше висока шест ката и метар и половина.

Како што се очекуваше, беше украсена со розови цвеќиња, а иницијалите Z и K беа на масата каде што тортата им беше „доставена“ на младенците.

Да ве потсетиме дека младенците го изведоа својот прв танц со песната „Сè ти должам“ која ја отпеа лично Ацо Пејовиќ, а меѓу гостите беа Цеца Ражнатовиќ, Катарина Грујиќ, Радиша Урошевиќ, Ана Бекута, Драган Џајиќ и неговата сопруга и многу други.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....