12:08 - 15 ноември, 2026

(Фото) Вељко и Богдана споделија неодолива семејна фотографија со синовите

Боксерот Вељко Ражнатовиќ, син на Светлана Цеца Ражнатовиќ, е во брак со Богдана веќе четири години. Двојката се венча на 24 ноември 2019 година, а круна на нивната љубов се синовите Жељко и Крстан.

Богдана е бремена по трет пат и за неколку дена треба да влезе во седмиот месец. Ражнатовиќ носи момче, а третиот наследник ќе се вика Илијан.

Веќе на сите им е јасно дека Богдана ужива во мајчинството и бракот, а сега со своите следбеници сподели неодолива семејна сцена.

На првата фотографија Богдана е покрај малиот Крстан, кој ја гледа од количката, додека таа со широка насмевка позира до него:

– Мама и Крстан – напиша таа во описот.

На следната фотографија се Вељко и неговиот постар син Жељко, бебето Крстан и Богдана, а таа накратко напиша: „Семејство“.

Вељко неодамна даде навестување дека можеби ќе има и четврто бебе.

– Отсекогаш сонував да имам два сина…ова трето дете е само плус. Се надевам на девојче сега – изјави тој.

Слични објави

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо
Се вчитува....