9.8 C
Скопје
23:00 - 19 октомври, 2026

(Фото) Вака изгледале Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ на свадбата: „Никогаш не сум гледал така на студентките“

Српската актерска двојка Слобода Миќаловиќ (43) и Војин Ќетковиќ (53) се во брак 16 години, а нивната љубов и заеднички живот се исполнети со хармонија и доверба. Иако и двајцата се многу познати, сепак успеаја да ја задржат приватноста, па нивниот однос најчесто е надвор од очите на јавноста. Интересен е и податокот дека, на различни начини, се венчале дури трипати. Првиот пат го кажаа судбоносното „да“ во серијата, потоа тоа го направиле и во реалниот живот, а третпат повторно во контекст на филмската продукција.

Иако ретко зборуваат за својата врска и секогаш се трудат да ги задржат приватните детали за себе, Слобода еднаш одлучила со своите следбеници на социјалните мрежи да сподели фотографија од нивната свадба. Со тој гест таа предизвикала воодушевување кај обожавателите, бидејќи можеле да ја видат актерката со шишки, додека Војин беше во елегантен костум, а и двете нивни свадбени комбинации биле полн погодок.

 


Нивната љубовна приказна започна во 2002 година, кога се запознаа на снимањето на филмот „Зона Замфирова“. Тогаш, како што и двајцата признаа, се родиле првите искри кои набрзо се претвориле во романса. Интересно е што Војин тогаш ја гледал Слобода како колешка, бидејќи таа била уште студентка, а тој не ја доживувал низ призмата на физичката привлечност. Сепак, љубовта се развила и две години по почетокот на нивната романса, во 2004 година, тие почнале да живеат заедно. Нивната љубов била крунисана со брак во 2008 година, кога се венчаа во црквата Свети Василиј Остроски во Белград, на приватна церемонија на која не присуствувале медиумите.

– Се сеќавам кога првпат ја видов, снимавме, таа беше студентка. Никогаш не гледав на студентките на тој начин, особено што тие беа претежно девојчиња. Поминаа неколку дена, снимателот ме повика да дојдам нешто да погледнам. Ја гледав како некој што веројатно ќе снима, не ја гледав по принципот на „убава е“ или слично – рекол своевремено Војин, пренесува „Хелоу“.

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....