21:51 - 6 ноември, 2026

(Фото) Уна Чолиќ го покажа подарокот од 10 години постариот бизнисмен: Ќерката на Здравко Чолиќ се пофали на социјалните мрежи

Ќерката на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, е исклучително активна на социјалните мрежи.

Уна Чолиќ често објавува фотографии од своите забави, со провокативен стајлинг кој го привлекува вниманието на нејзините следбеници.

Таа завчера се пофали што добила од партнерот за Денот на вљубените.

Според српските медиуми, наследничката на Чолиќ ужива во хармонична врска со 10 години постаро момче од неа, а покажала и букет жолти лалиња, подарок од нејзиниот избраник, кој не го покажува на социјалните мрежи.

Чолиќ беше без шминка, со врзана коса и бунда, а дваесетина лалиња биле украсени со виолетова машна.

Постарата ќерка на Здравко Чолиќ често споделува фотографии од различни дестинации и вешто го крие својот љубовен живот.

Парот неодамна беше уловен на приватна забава во Белград и двајцата биле целосно опуштени. И покрај тоа што била на јавно место, Уна не криела дека има момче, но сè уште не објавува фотографии со него.

Според српските  медиуми, двајцата наводно се во врска повеќе од една година, а тој е десет години постар од неа.

Дека го избрала најдоброто покажува и тоа што Уна често оди со момчето на настапите и концертите на својот татко, што значи дека Чолиќ е согласен со нејзиниот избор.

 

 

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....