04:51 - 9 ноември, 2026

(Фото) Тело за 10, а во рацете книга: Снаата на Брена изгледа страшно секси во минијатурно бикини на Тајланд

Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена се одмара со семејството и пријателите на егзотична дестинација.

Семејството Живојиновиќ, за потсетување, отпатува за Тајланд, каде пејачката сè уште се опоравува од скршеницата на ногата со која неодамна се здоби на концерт во Арена Загреб.

Брена е во друштво на својот сопруг Боба Живојиновиќ, пријателката Кејт, синот Виктор и неговата девојка, можеби идна снаа, Софија Спасојевиќ.

Убавата Софија, која освен водителка, е и инфлуенсерка, на Инстаграм сподели жешки фотографии од Тајланд и покажа како се релаксира.

Софија уживала на плажа, а додека се сончала на лежалка, читала книга. Меѓутоа, лицето го сокрила под капа и очила за сонце за да го заштити од силните зраци на сонцето, но згодното тело го истакнала во минијатурно, црно бикини.

Многумина коментираат дека Софија изгледа многу атрактивно, а покрај убавината и згодното тело ја поседува и харизмата со која го освои синот на Брена, Виктор Живојиновиќ.

Да потсетиме, убавата Софија еднаш откри дека е повеќекратна национална шампионка во пливање. Таа мораше да се откаже од спортот поради тешка повреда.

Подоцна се сврте кон манекенството, социјалните мрежи, фотографијата и новинарската работа.

Софија исто така глумела и во спотови на српски изведувачи, а во една прилика открила дека е дете на разведени родители, дека ја почитува традицијата и дека е приврзана за својата баба која живее на село.

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....