17:42 - 15 ноември, 2026

(Фото) Српска инфлуенсерка го промени полот и покажа како изгледа: Во тесен комбинезон со деколте

Српската инфлуенсерка Николина Ковачевиќ неодамна се подложи на операција за промена на полот, пишува српски „Телеграф“.

Имено, Николина ја снимила целата операција и ја објавила на Јутјуб, а сега позирала на социјалните мрежи.

Николина се фотографирала во огледало во тесен комбинезон и покажала како изгледа сега.

„Слаба легенда“, напишала таа.

Инаку, како што признала, на операцијата чекала дури 9 години, што е исполнување на нејзиниот сон.

– Операција на полот сакав откако се прифатив самата себе. Тогаш имав можеби околу 10 години. Кога почнав да ја чекам таа операција, имав 16 години. Ја сакам, затоа што мислам дека не можам да живеам вака. Сите сме различни. Природата не е црно-бела, но сè околу нас е шарено. Ние сме различни и тоа е убавината на овој свет. Мене лично ми е потребна таа операција и ја сакам за себе – вели Николина и додава:

– Сакам да не морам да носам корсет, да можам нормално да носам бикини, да можам да се пресоблечам пред моите другарки и да не можам да се кријам и да се срамам. Дури и да можам да се опуштам со партнерот, бидејќи сето тоа ми создаваше блокада – забележува Ковачевиќ.

 

Слични објави

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.

(Фото) Српскиот голман со сопругата ужива во одмор во сребрена капсула за 2.500 евра по лице – само за една ноќ: Еве за што станува збор

Еспресо

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.
Се вчитува....