19:38 - 10 ноември, 2026

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ повторно го привлекоа вниманието на јавноста откако таа на својот инстаграм-профил објави фотографија која ги загрижи нивните следбеници.

На фотографијата се гледа Сергеј по инфузијата и со модринка на раката, додека неговата сопруга цело време била покрај него, ниту за момент не го напуштала.

Брачната двојка не соопшти детали за тоа што точно се случило и зошто актерот морал да прими инфузија. Во неговата рака сè уште се видливи остатоци од браунила, иако парот не откри детали за тоа што всушност се случило.

Иако и двајцата се многу активни на социјалните мрежи, овојпат не сакаа јавно да зборуваат за здравствената состојба на Сергеј, оставајќи ги следбениците во неизвесност.

Сергеј Трифуновиќ и Исидора Мијановиќ го кажаа судбоносното „да“ во тајност, далеку од очите на јавноста. Нивната венчавка се одржа дискретно, без помпа, што изненади многумина, бидејќи Сергеј со години водеше имиџ на ерген.

Исидора е по потекло од Хрватска. За својот однос ретко зборуваат во јавноста, но повремено споделуваат заеднички фотографии со своите следбеници кои го следат секој нивни чекор.

 

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....