21.8 C
Скопје
09:18 - 9 септември, 2026

(Фото) Поранешната снаа на Дачиќ „уловена“ со мистериозен маж, откако раскинаа со Лука

Српската пејачка Милица Јокиќ и нејзиниот партнер Лука Дачиќ, син на политичарот Ивица Дачиќ, неодамна привлекоа големо внимание во јавноста поради наводното раскинување на нивната тригодишна врска.

Иако пејачката не ги коментираше овие шпекулации, нејзините објави на социјалните мрежи јасно покажаа дека таа се фокусирала на кариерата и решила да се посвети на професионалниот живот.

Сепак, екипата на „Папарацо лов“ ја фати Милица додека сама се шета низ трговски центар и купува. Таа подоцна влегла во црн автомобил кој чекал надвор.

Во тоа возило бил маж, чие присуство предизвика големо внимание на медиумите. Многумина се запрашаа дали ова мистериозно момче е новиот партнер на Милица Јокиќ, додека шпекулациите за нејзината врска со Лука Дачиќ продолжуваат.

Инаку, Милица Јокиќ и Лука Дачиќ раскинаа на крајот на јануари годинава, но како што некои шпекулираа двајцата се помириле, но ниту еден од нив не го потврди тоа.

Имено, таа на 30 јануари имала настап во едно белградско кафуле, каде се појавил и Лука Дачиќ.

Лука седел во сепарето и не го тргнувал погледот од Милица додека таа пеела.

Синот на Дачиќ цело време танцувал и уживал во настапот, а изгледа дека парот ги решил сите несогласувања и повторно ужива во љубовта, тврди извор за „Блиц“.

Слични објави

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.
Се вчитува....