17:47 - 8 ноември, 2026

(Фото) По скандалозната тепачка Десингерица шокираше со бизарна објава: „Ми извршија атентат со ова“

По тепачката во која учествуваше вчера, музичарот повторно се огласи на Инстаграм.

Драгомир Деспиќ – Десингерица се степал вчера на 2 октомври во Белград, а вознемирувачкото видео покажува судир меѓу контроверзниот рапер и постар маж, додека граѓаните се обидуваат да ги разделат.

По инцидентот и изјавата дека всушност тој е нападнатиот, Десингерица повторно се огласи на својот Инстаграм и објави слика од градежна количка со следниот текст:

– Денеска ми извршија атентат со ова – напиша Десингерица, па додаде:

– Ова е тревата што е соучесник во организацијата, тревата на комшијата. Во договор со соседот, наполнија количка и тргнаа да ми изврпат атентат – напишал контроверзниот рапер.

Да потсетиме, повозрасниот маж од видеото по инцидентот повикал полиција и во таа прилика тврдел дека бил нападнат од Деспиќ, пренесуваат локалните медиуми. Како што појасни, косел трева надвор од дворот, Десингерица поминала со автомобил, се побунил, а потоа раперот застанал, излегол од автомобилот, му се заканил и физички го нападнал.

Меѓутоа, во изјава за медиумите, Деспиќ тврди дека бил нападнат и дека ја удриле неговата сопруга и ѝ крварела усната.

– Кога наидов на автомобил, ми ја турнаа количката пред автомобилот, додека моето дете спиеше позади. Еден човек ми пријде и ми рече: „Што е п…о дрогирана?!“. Го земам и го поместувам. Велам: „Друже, не можеш да се тепаш со мене, постар си!“. Кога старецот ја удри мојата сопруга, тогаш втрчав! Можев да умрам со дете во автомобилот. Дебили љубоморни – изјавил раперот.

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....