5.8 C
Скопје
20:53 - 6 февруари, 2025

(Фото) Ова е свекрвата на Гоца Тржан: Откри како синот ѝ кажал дека е во врска со пејачката

Гоца Тржан речиси 15 години ужива во љубовта со тапанарот Раша Новаковиќ, кој е исто толку години помлад од неа.

Разликата во години никогаш не им претставувала проблем, а Гоца одлично се сложува со својата свекрва која сега за прв пат се појави пред камерите.

Зорица, мајката на Раша, сега раскажа како прво започнала соработката меѓу Гоца и нејзиниот син, но и како тој им кажал дека започнал врска со неа.

– Ние сме семејство кое сите проблеми ги носи на маса и разговараме. Ниту слушнавме, ниту дознавме, но убаво ни кажа синот. Беше во Нови Сад, учеше и свиреше со бенд. Потоа имаше аудиција за бендот на Гоца, мислев дека нема да го примат бидејќи беше млад, студираше, повеќе беше рокер – вели Зорица и открива кога ја запознала Гоца.

– Кога почна посериозно да работи со Гоца , ни рече да му го пренесеме тапанот во Белград. Го возевме, го прашав дали оди кај неговите роднини, а тој рече дека оди кај нејзините и дека се заедно. Ништо не рековме, таа слезе, се запознавме и ја прифативме. Но, вниманието му го свртевме на фактот дека таа не е обично девојче, дека има дете и дека мора да биде многу внимателен. Но и Гоца била внимателна, па не го запознала веднаш со Лена.

Зорица со јавноста сподели и каков бил моментот кога Гоца за првпат дошла кај нив во Бач.

– Првиот пат кога ненајавено дојде кај нас, токму додека ги менувавме прозорците, имав впечаток дека сака да го изненади, но и да ја види нашата реакција. Да има свое мислење за тоа со кого си има работа. Сѐ беше спонтано, нормално, потоа почна да ја носи Лена, таа се вклопи со децата овде и сѐ е прекрасно. Нас не нѐ интересира разликата во години, ако се согласуваат, тоа е најважно – вели мајката на Раша и посочува дека од луѓето слушнале секакви приказни:

– Имаше прашања, но зад грб. А тоа се лоши луѓе. Имало и роднини, па се чуделе дали ќе трае, па Боже мој, додека има синови ќе има и снаи, додека има ќерки ќе има и зетови.

Зорица за првпат јавно призна што мисли за Гоца, односно каква снаа е познатата пејачка.

– Гоца е нормален човек, па и таа за нас е нормална снаа. Учествува во сите наши настани, добри и лоши, тие знаат сѐ, со Радомир секогаш сме во контакт, често доаѓаат. Тие не ни се мешаат во животот и ние не се мешаме во нив. И тоа е вистински рецепт. Колку години поминаа, никогаш не сме се расправале – вели Зорица.

Раша призна дека не се плашел кога морал да ги запознае родителите со својата девојка во тоа време.

– Моите родители дојдоа да ја сретнат, не очекував ништо, дали некој ќе каже нешто, дали на некој нема да му се допадне. И за двете страни бев сигурен дека никој нема да каже ништо лошо – рече Раша.

Слични објави

Поранешното момче на Рада Манојловиќ ја демне, ѝ остава цвеќиња и скапи подароци: „Не знам веќе што да правам…“

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ „гори“ и во зима! Пејачката објави фотографија во црвено бикини, фановите останаа без здив

Еспресо

(Фото) „Фатени“ во акција: Лазар Ристовски ја зграпчи 39 години помладата Аница во базенот

Еспресо

(Фото) Наташа Којиќ уловена како нанесува крем среде аптека, на лицето нема ниту грам шминка!

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ во жестока пресметка со Цеца среде емисија: Немој ти мене да ми даваш совети

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Брза дијагностика на белодробна емболија

Еспресо
Се вчитува....